Tuesday, April 27, 2010
УСАИД ПЕП/ПЕТ Зелени Училишта
Програмата “Зелени училишта”, во Македонија, е резултат на кампања на УСАИД која промовира одржливост на животната средина, едукација и јавна свест во рамките на основните училишта во Македонија. “Зелени училишта” е финансирана од УСАИД Проектот за основно образование (раководена од страна на Академијата за развој на образованието - AED) и УСАИД Проектот за рециклирање пластика (раководен од локална НВО, MDC - Ti.Net).
Основан во 2006, Проектот за основно образование (ПЕП) има реновирано 80 училишта во Македонија. Фокусирајќи се на користење на енергетски ефикасни материјали и одржливи технологии, проектот поттикнува дискусии кои ја нагласуваат важноста за зачувување на енергијата. До завршувањето на проектот, во 2011, ПЕП има за цел да реновира барем 100 училишта. Тие ги заменуваат, реновираат и обновуваат компонентите како што се прозорците, вратите, системите за греење, покривите и изолацијата. Партнерството на ПЕП со Проектот за рециклирање пластика резултираше со креирањето на “Зелените клубови”.
Клубовите беа основани во пет пилот училишта, во текот на учебната година 2008-2009. Во тековната учебна година, 15 дополнителни училишта се приклучија на програмата, користејќи прирачник за проектот кој беше развиен од пилот училиштата. Овие 20 училишта работат на четири еколошки теми кои се значајни за училиштата: енергетска ефикасност, зачувување на водата, управување со отпадот, и превозот. Следејќи го ISO 14000 стандардот за управување со животната средина, тие ја мерат количината на употребена енергија во училиштето, создавањето на отпад и навиките за превоз. Врз основа на добиените податоци, тие создаваат и имплементираат проекти со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на училиштето, да се намали употребата на вода и создавање на отпад, и да се промовираат еколошки форми на превоз.
Со помошта на директорите на училиштата и советниците, кампањите на учениците се проширија и ја вклучија пошироката заедница, преку дистрибуција на едукативни материјали за подигнување на јавната свест и проекти за акција. Средствата за материјали, активности и кампањи се претежно донирани од УСАИД, со дополнителна донација од 800 американски долари од секоја општина.
За повеќе информации, ве молиме посетете ги нашите веб страни:
www.greenschools.org/mk
www.pep.org/mk
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment