Wednesday, August 11, 2010

Posledni slucuvanja

14 училишта учествуваа во Натпреварот на Зелените училишта оваа година! Побаравме од учениците да бидат креативни и да изработат помошни наставни средства од отпад! Изработија модел на зоолошка градина, цвет, молекули и многу други работи. Прочитајте повеќе на нашта страница именувана Натпревар!

Ги прогласивме победниците на Натпреварот на Зелените училишта за 2010 година. Доделивме една прва, две втори и две трети награди! На 10. јуни, победниците ја посетија мегалитската опсерваторија Кокино! Прочитајте повеќе на нашта страница именувана Натпревар!

До крајот на јуни, 2010 година, сите Зелени клубови поднесоа за одобрување до нас зелени проекти што ќе придонесат кон заштеда нa енергија и вода, ќе промовираат еколошки транспортни навики и ќе го подобрат управувањето со отпадот во училиштата. Проектите ќе бидат финансирани од Програмата Зелени училишта на УСАИД и од општините! Очекувајте повеќе новини на оваа тема!

Набавката на материјали за имплементација на проектите на Зелените клубови е во тек! До почетокот на новата учебна година, училиштата ќе добијат штедливи сијалици, временски чешми, завеси, канти за отпад, рампи за паркирање велосипеди и многу други работи! Следуваат новини на оваа тема!

No comments:

Post a Comment